Згрешените електронски барања до Катастарот ќе се коригираат

Адвокатите, нотарите, извршителите, геодетите и општините отсега имаат можност во електронските барања што ги поднесуваат до Катастарот доколку направат грешка да ја исправат во рок од 24 часа.

Со новината воведена од вчера, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески на прес-конференција истакна дека професионалните корисници ќе ги намалат трошоците и времето бидејќи претходно барањето поради грешка било одбивано и требало повторно да се поднесе до Катастарот.

– Новата надградба на електронскиот шалтер, воведен во 2014 година, може да извршат дополнување доколку направиат  техничка грешка при доставата на предметот по електронски пак, потоа технички грешки документите кои се правен основ за промена во катастарот, технички грешки во описните податоци содржани во геодетскиот елаборат, како и кога ќе извршат недоволна уплата на надоместок, појасни Трпески.

Истакна дека најчести грешки настанувале во уплатениот надомест и вкупната површина на катастарските парцели.

– Новата функционалност очекуваме да овозможи намалување на сегашните 2,3 проценти на одбиени предмети од катастарот на под 1 отсто одбиени предмети од страна на катастарот, намалување на трошоците на професионалните корисници за поднесува нови барања какои зголемување на довербатаи правната сигурност меѓу катастарот и професионалните корисници, рече директорот на Катастарот.

Со новината, професионалниот корисник е должен во рок од 24 часа по електронски пат да ги отстрани техничките грешки, откако претходно при решавање на предметот службеното лице од катастарот е должно по електронски пат да го извести професионалниот корисник со точно наведување на техничките грешки во електронско поднесеното барање.

Од 2014 година, како што рече Трпески, преку електронскиот шалтер се примени над 1,3 милиони предмети. Во последниот квартал од годината скоро 60 проценти од примените предмети во катастарот се примени по електронски пат, а стратешка цел на Агенцијата, како што рече Трпески, процентот на примени предмети по електронски пат да достигне до 100 проценти.

Со катастарот електронски се поврзани 732 професионални корисници и тој број, како што беше посочено на прес-конференцијата, постојано се зголемува.

 
 
22.12.2016 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега