Новогодишна приредба за најмладите во општина Бутел

Централната новогодишна приредба за најмладите во општина Бутел ќе се одржи денеска во ОУ „Ацо Шопов“. 

Учениците од училиштето домаќин, во холот на школската зграда, ќе ја изведат новогодишната приредба за 550-те ученици од останатите шест основни училишта, детската градинка „11 Октомври“ и децата од Домот за деца без родителска грижа „25 Мај“.

На присутните ќе им се обрати градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски, кој заедно со Дедо Мраз ќе им дарува 550 новогодишни пакетчиња на дечињата од социјално ранливите семејства.

 
 
27.12.2016 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега