Хаос синоќа во Скопје: Повредени пет лица

Пет лица се здобиле со полесни телесни повреди во четири од вкупно 14 сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Во десет е причинета материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор во СВР Скопје Драган Вељаноски, сообраќајната полиција открила и санкционирала 27 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 12 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 50 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 69 возила.

 
 
27.12.2016 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега