Министерот Кралев на средба со учесниците на Академијата на централно европски училишта

Министерот за образование наука Панче Кралев и амабасадорот на Словачка Република во Република Македонија Роберт Кирнаг денеска се сретнаа со учениците кои учествуваа на завршната церемонија на Академијата на централно европски училишта, АЦЕС.

Министерот Кралев ги охрабри учениците и во иднина активно да учествуваат во вакви проекти со што достоинствено ќе ја претставуваат Македонија во меѓународни рамки, а учениците го споделија своето искуство од работата и соработката со партнерските училишта.

Амбасадорот Киранг ги претстави можностите за студирање во Словачка како и стипендиите кои се доделуваат секоја година. Тој потсети дека Република Македонија е една од петте земји кои сеуште не се членки на ЕУ, а чии жители имаат можност бесплатно да студираат на државните универзитети во Словачка.

На конкурсот на АЦЕС за 2012 година, на тема „Проверка на реалноста - Како го восприемаме и градиме светот низ медиумите“, беа поднесени 178 училишни проекти и се вклучија 415 училишта од 15 земји од Централна и Југоисточна Европа. Меѓународниот одбор избра 44 партнерски проекти во кои беа вклучени вкупно 107 училишта. Со свои проекти, како координатори или партнери од Република Македонија учествуваа 11 училишта.

ФОТО:Дневник 

најчитано сега