Ученици од Македонија, Хрватска и Литванија ќе учат да бидат одговорни претприемачи

Ученици од Македонија, Хрватска и Литванија ќе учат промовирање на корпоративна општествена одговорност и филантропија во рамки на проектот „Ученици денес-одговорни претприемачи утре“, финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку програмата ,,Еразмус +“.

Носител на проектот е македонското Здружение за социјални иновации „АРНО“ во партнерство со СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ од Скопје, гимназија „Лиздеикос“ од Литванија, „Прва  сушачка  гимназија“ од Хрватска и организацијата „Аут оф д Бокс” од Белгија.

Проектот, како што се наведува во соопштението на АРНО, има за цел да ги надгради постоечките програми за претприемништво во училиштата, промовирајќи ги концептите на филантропија и корпоративна општествена  одговорност и учејќи ги младите за новите бизнис модели на социјални  претпријатија.

Според Ирина Јанеска од „АРНО“, бизнис-секторот е алката што е важна, бидејќи опфаќа широк спектар на активности, од филантропија до нови бизнис модели како социјални претпријатија.

- Преку проектот ние ги охрабруваме младите да станат бизнис лидери, кои утре кога ќе станат моќни и влијателни не треба да заборават да возвратат и да помогнат на оние на кои им треба помош. Заедно со професорите и учениците ќе учиме за стратешки донации, за социјално претприемништво и за одржлив развој. Сите имаме многу за учење и многу за правење. Овој проект веруваме ќе биде корисен за сите, изјави Јанеска.

 
 
27.12.2016 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега