Хуманитарен настан „Да споделиме радост“

Новогодишен хуманитарен настан за 130 деца со посебни потреби, деца со воспитно социјални проблеми и деца од ранливи категории семејства, ќе се одржи денеска во Кинотека на Македонија.

Децата ќе добијат подароци од Дедо Мраз и ќе проследат кино проекција на 3Д анимиран филм.

Настанот е во организација на Црвениот крст на Република Македонија во соработка и со поддршка на ЕВН Македонија.

Подароците ќе ги врачат претставниците на ЕВН Македонија, Црвен крст и волонтерите од клуб на млади на Црвен крст на град Скопје.

„Да споделиме радост“ се одржува шести пат.

 
 
28.12.2016 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега