Дедо Мраз се спушти по јажето на плоштадот „Македонија“

Дедо Мраз пристигна на плоштадот „Македонија“ најмалите го пречекаа со прегратки, но и многу желби.

Спуштајќи се со јаже од кровот на стоковната куќа на плоштадот Дедо Mраз слезе меѓу децата кои со нетрпение го очекуваа неговото доаѓање.

Пристигнувањето на најсаканиот дедо и симболот на новогодишните празници се најави со празнична парада предводена од Снежната кралица.

Децата велат биле умни годинава, па очекуваат Дедо Mраз да им ги исполни желби. Списокот на посакувани подароци содржи најразлични желби – кукла, кујна, телефон и таблет некои велат чекаат изненадување.

Со желби за добро здравје, весели денови и многу љубов Дедо мраз од скопскиот плоштад продолжи кон домовите на сите деца со подароци за Среќна Нова Година.

 
 
31.12.2016 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега