Убиецот на Аркан е на слобода

Трократниот убиец Добросав Гавриќ(42), кој на 15 јануари 2000 година го ликвидираше Жељко Ражнатовиќ – Аркан, е преместен од притвор во Јужноафриканската Република, дознаваат српските медиуми.

Гавриќ успеал од притвор во Кејпатун, во кој се наоѓал од 2011 година да се тргне на тајна локација, каде е под голема заштита.

Јужноафриканските власти стравуваат дека неговиот живот може да биде доведен во опасност поради тоа што луѓето блиски до Аркан наводно потплатиле затвореници кои биле подготвени да го убијат.

Гавриќ во Србија е осуден на 35 години затвор, но властите во Јужна Африка упорно одбиваат да го испорачаат.

 
 
05.01.2017 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега