Невремето направи проблеми: Блокирани патишта во јужна и источна Србија, завеани села

Сообраќајот на некои патишта во јужна и источна Србија беше блокиран поради лошите временски услови и слабата видливост, соопшти Јавното претпријатие „Патишта на Србија“.

Сообраќајот на автопатот Белград- Ниш е блокиран во двата правци поради лошите временски услови, слабата видливост и несоодветна зимска опрема на некои учесници во сообраќајот.

Сообраќајот е блокиран и на државниот пат Ниш- Југ поради сообраќајна несреќа, која се случила поради намалената видливост проследена со силен снег и ветер.

Поради неповолните временски услови, блокиран е и сообраќајот и на делниците од Врање до Баревиќ, Власа и Крива Феја.

Сообраќајот е блокиран и на делниците Долни Милановац- Мајданпек и на патот Зајечар- Бољевац.

Верижен судар на 30 возила на автопат, сообраќајот блокиран

Сообраќајот на автопатот Ниш- Белград е запрен во двата правци поради верижна сообраќајка во која учествуваа 30 возила, а застојот е на околу 600 метри пред свртувањето за Ниш југ, изјави денеска началникот на секторот за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Србија, Предраг Мариќ.

Тој очекува дека ќе се стабилизира моменталната ситуација на автопатот и упати апел до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на возење и да не тргнуваат на пат без зимски гуми, бидејќи токму тоа ја предизвика и верижната сообраќајка на автопатот Ниш- Белград.

Завеани села во околината на Пирот, за сега без проблеми со струјата

Снегот кој непрекинато паѓа од синоќа завеа неколку села во околината на Пирот, а нивните жители за сега немаат проблем со струјата и намирниците, изјави координаторот на Градскиот штаб за вонредни ситуации, Сретен Савов.

Поради снегот без струја 7 села и приградски населби во Ниш

Силниот ветар и снег предизвикаа дефекти на трафостаницата на периферијата на Ниш, поради што  од утрово без струја се седум села и приградски населби.

Според надлежните, сите екипи се на терен и работат на отстранување на дефектите и се очекува наскоро да има струја.

 
 
06.01.2017 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега