Затворени автопати и завеани села - Бугарија целосно парализирана

Североисточна Бугарија е парализирана од големи снежни наноси. Затворени се двата главни автопати, скоро сите патишта во тој дел на Бугарија се блокирани, а стотици места се без струја поради снежната бура.

Целосно затворени за движење се патиштата во областите Силистра, Русе, Добрич, Разград и Шумен. Без струја останаа сите населени места во општината Девнa. Во североисточна Бугарија, видливоста на патиштата е само 10 метри. Од наделжната агенција “Патна инфраструктура” проценија дека најбезбедно ќе биде запирање на движењето за сите возила, објави регионалниот министер Лилјана Павлова за бугарските медиуми.

sneg-bg-4

Бугарските власти одлучија да ги затворат превентивно и  автопатите “Тракија” и “Хемус”. Делницата на автопатот  “Тракија” од Карнобат до Бургас е забранета за движење на сите видови возила. Автопатот “Хемус” е затворен во цела Варненска област. Пристаништето во Варна е затворено за сите бродови, како и локалниот аеродром. Во целата земја е прогласена забрана за движење на камиони.

blg

Стотици населени места се без струја

Обилните врнежи и снежната бура предизвикаа сериозни проблеми со електричната енергија во голем број населени места во Бугарија. Стотици населени места се без струја.

sneg-bg-2

На територијата на “ЧЕЗ електродистрибуција” без напојување се 294 корисници во 26 населени места. На територијата на “EVN електродистрибуција” напојување немаат 125 корисници во област Сливен. За “Енерго-Про – електродистрибуција” ситуацијата е комплицирана – вкупно 658 населени места се без електрична енергија на територијата на општините Варна, Трговиште, Шумен, Разград, Русе, Велико Трново, Габрово, Добрич, Силистра. Тимови на трите електродистрибуција компании и на ЕСО работат за отстранување на дефектите во најкраток можен рок.

sneg-bg-1

Снежната покривка околу 20 сантиметри

Бугарија, исто како и останатите балкански земји утрово осамна затрупана од снег. Најголема е снежната покривка во Враца – 33 сантиметри, пренесуваат бугарските медиуми.

Во Монтана снежната покривка достигнува 29 сантиметрим, во Ќустендил е 28 см, во Софија и Велико Трново – 25 см. Во Благоевград и Ловеч има 21 сантиметар. Речиси 500 населени места се без струја во централна и североисточна Бугарија, а врнежите продолжуваат.

Обилни снежни врнежи има насекаде во регионот, а видливоста е намалена до неколку метри.

 
 
06.01.2017 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега