Голема трагедија го потресе регионот: Работници пронајдоа мртво бебе

Тело на мртво бебе е пронајдено вчера на депонијата во местото Грачац кај Врњачка Бања и фрлено во еден од контејнерите лоцирани низ ова место.

Директорот на ЈП „Бањско зеленило и чистота“ Небејша Ристиќ, изјавил дека неговите работници забележале тело на бебе при истовар на смет на депонијата.

-Ѓубрето е собрано на сите локации во Врњачка бања, а ги има 140. Во тој момент никој од работниците не го забележал бебето, а и невозможно е зошто ние не знаеме што се наоѓа внатре во контејнерите. Кога камионот бил на истовар на ѓубрето т.н. рециклери, или луѓето кои живеат од продажба на секундарни суровини, го забележале мртвото бебе завиткано во ќебе, вели Ристиќ.

Тој додава дека работниците веднаш го известиле за се, и повикале полиција која направила увид на местото.

Телото на машкото бебе е испратено на обдукција во Општата болница „Студеница“ во Краљево, а целиот случај го води Основното обвинителство во Краљево.

 
 
06.01.2017 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега