Возиме поскап бензин: Ова се новите цени кои важат од полноќ

Со последната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика, по празничниот период, бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот не се менува.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ, литар ЕУРОСУПЕР БС 95 се продава за 67 денари а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 69 денари.
Цената на дизелот не се смени, и тој и натаму ќе се точи за 53,5 денари по литар.
Не се смени ниту цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое и натаму ќе чини 42 денари за литар.

Ова се цените кои важат од полноќ:

Наредната корекција на цената е закажана за  23 јануари.

 
 
10.01.2017 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега