Домашно топло чоколадо брзо и лесно во овие ладни денови

Состојки:

3 лажички Кристал какао

3 лажички нишесте Кристал

3 лажички шеќер Кристал

1 лажичка екстракт од ванила

2 чаши млеко.

Подготовка:

Во мало тенџере на оган ставете го млекото да се вари.

Во чинија ставете ги какаото, нишесте Кристал, шеќерот Кристал и измешајте ги со лажица за да се добие хомогена смеса. Во чинијата додајте екстракт од ванила и млеко по потреба, околу 50 до 100 мл. Мешајте за да се добие течна хомогена смеса.

Во тенџерето со зовриеното млеко додајте ја смесата со какаото. Мешајте за време од 2 до 3 минути додека топлото чоколадо се згусти.

Вареното топло чоколадо турете го во шолји и послужете го веднаш. По желба поросете сечкано чоколадо. На здравје!

 
 
11.01.2017 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега