Расте бројот на патници на македонските аеродроми - минале 1,8 милиони

Авиосообраќајот во нашата земја лани забележал пораст од 15% кај бројот на патници. Низ двата македонски аеродрома во 2016 година минале вкупно 1.794.376 патници.

Зголемување на корисниците на воздухопловниот превоз има и кај скопскиот „Александар Велики“ и кај охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Аеродромот во Охрид забележал рекорден пораст од 39,2% кај бројката на превезени патници. Од ТАВ Македонија денеска соопштенија дека е забележан и пораст од 8,9% кај бројот на операции, кои достигнаа до 16.883 летови во текот на 2016 година.

Кога станува збор за најпопуларните дестинации, од ТАВ Македонија информират дека Истанбул со пазарен удел од 12,6% е најфреквентна дестинација од скопскиот аеродром, а по него следат Цирих со 10,2%, Виена со 6,3%, Базел со 5%, Малме со 4,8% и Лондон со 4,3% удел на пазарот. Од аспект на уделот на авиокомпаниите, „Визер“ има превезено најмногу патници и имала пазарен удел од 54,8%. По неа следуваат „Туркиш ерлајнс“ и „Аустриан ерлајнс“. Најфреквентен ден на скопскиот аеродром во 2016 година бил 12 август, кога е регистрирана бројка од 5.641 превезен патник.

avio

Инаку, финансиската поддршка од државата за воведување на нови авио линии постојано се зголемува. Од 25 милиони денари поддршка во 2012-та, истата е за четири пати зголемена во 2016-та и изнесува 104 милиони денари.

sredstva

ДЕСТИНАЦИИ 2016 година

Визер 25 вкупно дестинации

(ОД СКОПЈЕ) Лондон, Венеција, Малме, Базел, Ајндховен, Дортмунд, Милано, Минхен Меминген, Стокхолм, Гетеборг, Брисел, Франкфурт, Келн, Париз, Браселона, Осло, Нирнберг, Хамбург. Фридрихшафен, Базел. (ОД ОХРИД) Берлин, Копенхаген, Братислава, Хановер…

Дестинации од други авипревозници

Загреб, Женева, Прага, Дубаи, Белград, Љубљана, Рим, Истанбул Виена, Цирих. Од следната година најава Скопје – Доха преку „Катар ервејс“

 
 
12.01.2017 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега