Екипите интензивно работат на терен - Град Скопје упати апел

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари и истите во моментов се расчистени и проодни.

 ЈП „Комунална хигиена“  со 100 работници  на терен го расчистува снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини.

 Во централното градско подрачје, расчистувањето се врши на плоштадите: „Македонија“, „Пела“ и ВМРО, се расчистува Старата Чаршија, како и  пешачките патеки и тротоарите на мостовите: „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата.

 Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во моментов работат на  расчистување на снегот на следните улици и булевари:

 -Во општината Центар: ВМРО, Димитрија Чуповски, Филип Втори, 11-ти Октомври, Крсте Мисирков, Мајка Тереза, Кочо Рацин и Илинденска.

 -Во општината Карпош: Партизанска.

 -Во општината Кисела Вода: Потегот од 11-ти Октомври до Градската болница и бул. Борис Трајковски.

 -Во општината Аеродром: булеварите Јане Сандански и Кузман Ј. Питу.

 -Во општината Чаир: булеварот Втора македонска бригада и улиците: Кемал Сејфула, Џон Кенеди, Христијан Т. Карпош и Цветан Димов.

 -Во општината Бутел: Кемал Сејфула, Александар Урдаревски, Босна и Херцеговина.

 -Во општината Гази Баба - булеварот Александар Македонски, Војводина, Коце Металец и Благоја Стефковски

 -Во општината Ѓорче Петров  - улицата Ѓорче Петров.

 Расчистување се врши и пред Владата и Собранието на РМ, како и на просторот пред Градската болница.

 Во првата смена, во расчистувањето на нападнатиот снег се ангажирани  вкупно 100 работници, додека од механизацијата се користат: шест мотокултиватори, едно специјално возило „хијета“, како и три патарки за расфрлање сол.

 

 

 

 

 Активностите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат во текот на целиот ден.

 Екипите на зимската служба на Град Скопјево текот на изминатата  ноќ фрлија 113 тони сол на градските булевари и улици.

 Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

 Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
17.01.2017 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега