По 10-ти пат: Повторно ограбена црквата Света Петка во Косово

Непознати особи ја ограбиле црквата Света Петка во селото Дрсник во општина Клина, во Косово.

Инцидентот се случил ноќта помеѓу сабота и недела, а крадците претходно ја искршиле металната врата. При таа прилика се украдени парите, кои верниците ги оставале на иконите.

Ова е 10 пат црвката да се најде на мета на крадците. Случајот е пријавен во Косовската полиција.

 
 
06.02.2017 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега