Враќање на воениот рок

Хрватите посакуваат враќање на редовен воениот рок, тоа е воспитување и го зајакнува духот на младите, велат мнозинството на спроведената анкета. За четвртина од испитаниците, тоа е губење на време кое може да се потроши на учење или работа. За другите, професионалната армија е подобро решение.

Откако враќањето на редовната војска беше една од главните политички теми минатата недела во земјата, РТЛ спроведе анкета дали Хрватите посакуваат враќање на воениот рок укинат во 2008 година.

Зелено светло на таа иницијатива според анкетата дале повеќе од половината испитаници, а против тоа Хрватите и Хрватките повторно да служат воен рок се изјасниле 44 проценти.

Но, интересни се ставовите зошто се поддржува идејата за војска, а безбедносната ситуација на Балканот и во светот воопшто не се главна причина- туку, во воениот рок гледаат одлична шанса за учење на дисциплина, вештини кои не ги поседуваат, но и генерално, како подготовка за живот. десетина проценти сметаат дека војската гради силен дух кај младите луѓе. Во превод, од анкетите произлегува дека новите генерации се млаки, без работни навики и дисциплина.

Не е занемарлив ниту процентот на оние кои што се против редовниот воен рок. најмногу од нив сметаат дека се работи за прескап проект, но и во однос на другите проблеми, тоа и не е приоритет.

Четвртина сметаат дека војниот рок е губење на време кое може да се потроши на образование или вработување. Од другите причини, дел сметаат дека професионална армија е подобро решение при криза, но и дека Хрватска е членка на НАТО и дека Алијансата е должна да ја заштити земјата.

Дел од испитаниците не гледа воена опасност, па ниту потреба за промена, а дел дека во краток рок и не може ништо да се научи. Четири проценти од јавноста се противи на служењето воен рок и на тоа гледа како на милитаризација на општеството.

 

Во Македонија оваа идеја се уште не е разгледувана иако на изборите имаш политички субјекти кои предлагаа воведување на воен рок во Македонија. Поворзасните често знаат да кажат дека војската го прави детето маж. 

 
 
06.02.2017 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега