Повторно се тресе: Два силни земјотреси во Егејското море

Два земјотреси со интензитет од над пет степени според Рихтеровата скала утрово се регистрирани во реонот на источниот дел на Егејското Море.

Како што објавија грчките медиуми, во регионот на грчкиот остров Лезбос бил регистриран земјотерес со интензитет од 5,3 степени според Рихтер. Потресот, кој бил со епицентар на 15 километри од турскиот брег на Егејското Море, бил почувствуван и на островот Хиос, но засега нема податоци за предизвикани материјални штети. 

Турските медиуми пак јавија дека во реонот на турскиот градЧанаккале претпладнево бил регистиран земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер, кој се случил на длабочина од 6,5 километри под површината на земјата. По овој, биле регистирани уште два потреси со интензитети од 4,6 и 4,3 степени според Рихтеровата скала.

Истите извори информираат дека по вчерашните два потреси со јачина од 5,3 степени, во изминатово деноноќие во регионот биле регистирани вкупно над 70 земјотреси со послаб интензитет.

При вчерашните земјотреси во регионот на Чанаккале биле оштетени околу 300 куќи и други објекти во 12 села, а најмалку пет лица се здобиле со полесни повреди.

Турската Црвена полумесечина во близина на селото Јукарикој изгради времен камп од шатори за сместување на лицата чии домови се оштетени во потресите и испрати помош за локалните жители.

Засилената сеизмичка активност во регионот предизвикува вознемиреност кај локалните жители, но сеизмолозите повикуваат на смиртеност. 

 
 
07.02.2017 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега