Тешка сообраќајка утрово кај Смедерево: Се судрија камион и полициско возило - загина полицаец

Еден полицаец загина, а друг се бори за живот после сообраќајната несреќа која се случила утрово на Смедеревскиот пат.

Полицајците биле на задача кога на влезот во Гроцка се судриле со камион за превоз на леб.

Тешко повреденети полицајци од уништениот автомобил ги ослободиле пожарникарите, а екипите на Брзата помош ги одвеле во болница.

Едниот починал брзо по приемот на Ургентниот центар додека другиот и понатаму се наожа во несвесна состојба, со повреди опасни по живот.

Во несреќата повредени се и возачот на камионот и неговиот совозач, но нивната состојба е стабилна.

Полицијата извршила увид, а истрагата ќе ги утврди причините за несреќата.

 
 
07.02.2017 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега