Тепачка во автобус, нападнат шоферот и контролорот

Вистинска драма денес се случувала во автобус со број 71 на улица Војвоѓанска  во Србија, кога патници го нападнале шоферот и контролорот.

Околу десет и триесет утрово, контрола се качила во автобусот со број 71 при  што еден од патниците (56) немал карта па се обидел во тој момент да купи, незнаејќи дека кога влегува контрола во автобусот, тогаш системот за купувње и куцање карти се блокира автоматски и неможе да се извади карта. 

Поради тоа почнале да се расправаат па се замешале и други патници, по што ги нападнале контролорот и шоферот. 

Поради инцидентот морало да интервенира и Полиција која апелира навремено да се плаќаат картите за во автобус за да се избегнат ваквите инциденти.

 
 
07.02.2017 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега