Издадени одобренија за 419 нови станови

 

Во декември лани се издадени 333 одобренија за градење што е за 0,9 проценти помалку во однос на декември 2015 година, објави денеска Државниот завод за статистика.  

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.433.793.000 денари, односно за 52,9 проценти повеќе споредено со декември 2015.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 199 (59,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 39 (11,7 проценти) за нискоградба и 95 (28,5 проценти) за објекти за реконструкција.

На 221 објект ( 66,4 проценти) инвеститори се физички лица, а  на 112 објекти  (33,6 проценти) деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 419 станови со вкупна корисна површина од 41.887 метри квадратни.

 

 

 

10.02.2017 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега