Германска компанија донесе одлука за инвестиција, а ќе се гради и нов рудник за јаглен со 1000 вработувања

Германска компанија има донесе одлука за инвестиција и ќе вработи 100 лица од она што го разбрав ќе биде во Желино и станува збор за компанија за производство на седишта и ќе биде добавивач на Ван Хол, рече Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа инвестиција е резултат на досегашните добри политики за привлекување на инвеститори и покрај 2 годишната криза.

-Има и други со кои се водат преговори кога ќе иде конечна одлуката, а името кога самата компанија ќе го открие. Во нашата програма има во план и се работи на тоа да се отовори нов рудник за јаглен и централа за струја, помеѓу Делчено и Пехчево од 200 мега вати. Истражувањата кои се при крај и се завршија во еден дел , покажа дека таму има руда за околу 30 години и тоа високо калоричен јаглен, 200 кв е 1/3 од РЕК Битола. Тоа ќе значи многу но ќе значи и за луѓето ќе отвори ќе вработи околу 1000 луѓе индиректно и директно, рече Груевски.

Физибилити студијата ќе биде готова во април. Но во 2019 ќе почне градбата на рудникот па централата, инвестицијата ќе биде од 200 милиони евра и тоа во дел на Македонија каде има многу невработени и ќе значи енергетско зајакнување на капацитетите на Македонија.

 

 

 

12.02.2017 - 00:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега