Зголемен бројот на туристи во Македонија

Македонија лани во декември евидентира 42.101 турист кои оствариле 81.060 ноќевања што претставува зголемување од 4,4 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, додека бројот на ноќевањата е зголемен за 4,7 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е намален за 5,3 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 11,2 процента. Бројот, пак, на ноќевањата на домашните туристи е намален за 4,6 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12,5 проценти.

Во периодот јануари-декември 2016 година, во однос на претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 4,8 проценти, а кај странските за 5,1 процент. Бројот, пак, на ноќевањата пораснал за 2,8 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 3,6 проценти, а кај странските за 1,7 проценти.

 

 

 

13.02.2017 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега