Ако не ви е вакцинирано детето педијатарот нема да ви го прегледа

Докторка, специјалист педијатар од Загреб одбива да дава здравствени услуги на деца чии родители не ги вакцинирале. Докторката тоа им го соопштила на родителите преку известување залепено на вратата од нејзиниот кабинет.
Таа им вели на родителите доколку сметаат дека не треба да ги вакцинираат децата најдобро ќе биде да си најдат друг доктор бидејќи таа, како поборник за вакцините, нема намера да лечи невакцинирани деца.

За хрватските медиуми докторката вели дека до сега сретнала само десетина невакцинирани деца, а неколку од нив, родителите решиле да ги префрлат кај друг матичен педијатар.

Слична ситуација има и во Словенија. И таму неколку лекари одбиваат да даваат здравствени услуги на деца кои не се вакцинирани.

Анти-вакциналната кампања е на некој начин хит меѓу младите родители. Нивните аргументи се дека вакцините штетно влијаат на развојот на децата и предизвикуваат болести. 

 

 

 

16.02.2017 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега