Утре нова цена на бензините во Македонија

Без некои поголеми промени на цената на горивата во малопродажба се очекува утрешниот состанок на Регулаторната комисија за енергетика.
Според состојбата на светските пазари, вистинско изненадување ќе биде ако горивата се придвижат за половина денар во нагорна или надолна линија.
Просечната цена на нафтата врз основа на која реулаторот ги формираше цените пред две недели е идентична со она која во петокот беше актуелна на светските берзи.
Во моментов ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 66,5 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 68,5 денари по литар, а дизелот еден литар чини 53 денари.

 

 

 

19.02.2017 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега