25- годишно момче починало среде улица од срцев удар

Во центарот на Дервента утрово починало младо момче, а според неофицијални информации, станува збор за 25- годишен Давид Бањац од истиот град.

Момчето паднало на улица и со главата удрил во тротоарот, според се уште непотврдени информации починал од срцев напад.

Од ПСК Добој потврди дека на местото на случувањето присуствувал и обвинител кој наредил аутопсија за да се утврди точната причина за смртта.

Кај момчето се забележани неколку повреди од падот, но сега за сега не постојат индикации дека се работи за кривично дело - изјавиле од полициската станица Добој.

 

 

 

20.02.2017 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега