ССК: Полесно до средства од Фондот за иновации и технолошки развој

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој со серија активности и обуки подетално ги информира компаниите за средствата кои се достапни за развивање иновативен производ, како и за старт ап и спин оф компаниите.

„Со цел компаниите подетално да се запознаат со инструментот Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф во чии рамки се доделуваат финансиски средства до 30.000 евра, како и Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации во чии рамки се доделуваат финансиски средства до 100.000 евра организираме заеднички активности и обуки во периодот кој следи. Така, планирани се обуки за компании, а со цел поголема искористенст на средстват во април е предвидено и понапредно ниво за да им се посочи на апликантигте каде се фокусираат во насока на добивање на средствата. Од нашето искуство, финансиската поддршка за компаниите била клучна за нивниот бизнис, за развивање иновативен производ, како и за пробивање на странските пазари. Развиените економии се потпираат врз силни иновативни компании, така се поттикнува развојот на општеството и секако се отораат нови работни места “, изјави Митко Алексов, извршен директор на ССК.

На Прес конференцијата свое обраќање имаше и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, г-ѓа Јасмина Поповска која информира дека четвртиот повик на Фондот за иновации трае до 3 мај на полноќ.

„Фондот интензивно работи со корисниците и за време на имплементација на средствата, зашто не е лесно откако ќе ја добијат идејата да се преточи во готов производ и да се најдат потенцијалните купувачи. Првиот инструмент е наменет за финансирање новоосновани микро, мали и средни претпријатија со висок потенцијал за раст, а со цел развивање иновативни решенија и пренесување на резултати од научните истражувања во комерцијални активности преку „спин-оф“ претпријатијата. Се кофинансираат најмногу до 85% од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 30 илјади евра. Услов е фирмата да не е постара од шест години и да е во доминантна сопственост на македонски државјани. Поддршката преку овој инструмент ќе им биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна комерцијална амбиција. Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза“, изјави Поповска.

Инструментот за комерцијализација на иновации, пак, има за цел да поттикне зголемено истражување и развој на приватниот сектор, да ја охрабри соработката меѓу приватниот сектор и високообразовните и научни установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации. Се поддржуваат проекти во фаза на прототип.

 

 

 

22.02.2017 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега