Просечната нето плата во Македонија се зголемила на 23.457 денари

Во последниот месец од ланската година во спортските, забавните и рекреативните дејности заводот за статистика пресметел просечната плата од 178351 денар.

Декември е месец во кој во повеќе индустрии се забележуваат повисоки исплати на плати.

Па така во просечната плата во компјутерското програмирање била 66 896 денари.

Во правните и сметоводствените3дјености 59 124 денари.

Во воздухопловниот транспорт просечно месечните примања биле 54 827 денари.

Во телекомуникации просекот за декември е плата од 48 450 денари.

Во производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати просечниот исплатен месечен доход бил 43 982 денари.

Во финансиско-услужните дејности  43 042 денари.

Според заводот, збирно нето-платата во земјава во декември била 23.457 денари и се зголемила за 3,3% во однос на истиот месец во 2015-та.

Зголемувањето се должи на зголемувањето на платите во секторите: Уметност, забава и рекреација, Информации и комуникации и Градежништво.

Во декември 1,6 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.

 

 

 

23.02.2017 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега