Викендов времен режим на еден од нафреквентните булевари во Скопје

Градот Скопје ги известува учесниците во сообраќајот дека во деновите од претстојниот викенд ќе се изведуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булеварот Борис Трајковски.

 Прекопите ќе се изведуваат на локацијата пред втората капија на фабриката ОХИС и кај семафорот во населбата Пинтија, во времетраење од 8 до 16 часот.

 Поради тоа, на булеварот Борис Трајковски ќе се воведе привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

 Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на коловозот.

 

 

 

03.03.2017 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега