До 4 часот привремен режим на најфреквентниот булевар во Скопје

Викендов на булеварот „Борис Трајковски“ ќе биде воведен привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Град Скопје информира дека привремениот сообраќаен режим е поради тоа што денеска и утре ќе се изведуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булеварот „Борис Трајковски“. Прекопите ќе се изведуваат пред втората капија на фабриката „ОХИС“ и кај семафорот во населбата Пинтија, од 8 до 16 часот.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на коловозот.

 

 

 

04.03.2017 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега