Да ја покажеме хуманата страна: „Едно капаче - Една надеж“

Општина Аеродром се вклучи во хуманитарно-еколошка акција за собирање пластични капачиња „Едно капаче - Една надеж“.

Собраните капачиња се испраќаат во Турција каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка, која ќе се донира на семејство кое има потреба од таква количка, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди.

Од општината апелираат граѓаните да ја покажата својата хуманост и да се вклучат во акцијата и собраните капачиња да ги донесат во просториите на Општина Аеродром, каде за таа цел се поставени кутии за нивно собирање.

Акцијата ја започна Македонската медицинска студентска асоцијација - ММСА.

 

 

 

06.03.2017 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега