ЈП „Водовод и канализација“ со важно известување за граѓаните

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ од понеделник се преместува во новоизградената управна зграда на ул. „Лазар Личеноски“ бр.17 под Скопско кале.

Поради селидбата наплатната служба денеска ќе работи од  7:30 до 15:30 часот, а за викендот нема да биде во функција.

Од понеделник наплатната служба ќе работи со нормално работно време, од 7:30 до 19:00 преку недела, а во сабота од 09:00 до 14:00, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.

 

 

 

10.03.2017 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега