Се бираат најуспешни жени менаџерки во Македонија: Едукативен ден за здравјето и убавината

Агенција „Марили“ во рамки на годинашниот избор на 10 најуспешни жени менаџерки, денеска организираат тематски ден „Здравјето и убавината во функција на современата жена“.

Овој тематски ден, што се одржува трета година по ред, е посветен на современата жена која во секојдневната трка помеѓу домашните и работните обврски заборава на своето здравје, на  својата нега и убавина.

Според организаторот  целта е жената во едно попладне да може да се едуцира, да се информира, да се дружи и забавува заради што е подготвена целосна програма.

Ова е едукативен ден со бројни информации и едукации за здравјето и убавината на современата жена. Ќе има предавања од областа на медицина, стоматологија, фармација, дерматологија, козметологија, бизнис психологија и мода.

Утре ќе бидат прогласени 10-те најсупешни жеи менаџерки од земјава и дијаспората.

 

 

 

29.03.2017 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега