Прво место на фестивалот „Полихимниа“ за Анастасија Славковска (фото)

На Меѓународен фестивал Полихимниа, организиран од здружение на музички педагози, кој се одржа викендов во Македонската опера и балет, прва награда во категорија соло пеење ја освои Анастасија Славковска од Куманово.

Анастасија е ученичка во музичкото училиште „Панче Пешев“, прва година соло пеење кај професорката Ивана Андоновска Свилар и петта година виолина кај професорката Риана Рамиз. Има тринаесет години и учи во седмо одделение во основното училиште „Магдалена Антова“.

На натпреварот во категорија соло пеење, со корепетитор Злата Здравковска, Анастасија се претсавила со две вокализи. Меѓународно жири во состав од Македонија, Србија и Хрватска одлучија од 4 учесници во категорија на соло пеење меѓу кои настапиле и учесници и од Словенија, првата награда да ја доделат на Анастасија Славковска.

Ова е моја прва награда и многу сум среќна . Голема благодарност до моите професорки, Ивана Андоновска Свилар, Риана Рамиз и Злата Здравковска, за нивната помош што несебично се залагаа во најдобро светло да ја претставиме Македонија пред меѓународното жири – вели Анастасија Славковска.

 

 

 

 

03.04.2017 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега