Бизнисменка од Македонија заработи 100 милиони долари

Бизнисменка од Македонија заработи 100 милиони долари со својата компанија од која зависат и се хранат 300 семејства. Како што пишува Вработување.мк, Сузан Ницовски, инаку Американка со македонско потекло, ја основала компанијата “Летни Свежи Салати“ (Summer Fresh Salads Inc.) и станала успешна бизнис жена која испиша успешна бизнис приказна.

Идејата за ваквиот бизнис Сузан ја добила од фактот дека постојат голем број на луѓе кои се гладни и сакаат да се хранат здраво меѓутоа истите тие немаат доволно време за да си подготват нешто. Тајната на Сузановиот успех се темели во тоа што нејзините салати можат да истраат со денови, а нивниот вкус останува свеж., а тоа го постигнала со своите познавања во областа на Хемијата.

Ваквиот успешен бизнис, на Сузан неодамна и донесе заработка во висина поголема од 100 милиони долари, а нејзината компанија стана лидер во дејноста.  Таа е член на одборот во “Македонија 2025“ – асоцијација на бизнисмени и професионалци.

 

 

 

05.04.2017 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега