ФОТО: Почнаа градежните активности за новиот луна-парк

Екипи на фирмата „Жикол“ почна со подготвителните градежни активности и во моментот се формира градилиштето и се расчистува теренот за натамошните работи. Градските власти потенцираат дека забавниот парк ќе се протега на истата површина од речиси 24.000 квадратни метри како и досега. Според најавеното, се очекува новиот забавен парк целосно да биде завршен до крајот на следната година.

Се очекува реализација на целиот забавен парк да чини 400 милиони денари, односно околу 6,5 милиони евра. Набавката и изведбата на првите седум реквизити се дел од првата фаза. Треба да се постават 26 реквизити за возење и забава, меѓу кои 2 адреналински, 6 семејни и 18 детски.

Според деталниот урбанистички план „Централен градски парк – блок 3“, парцелата на забавниот парк е на истото место на „Луна-паркот“, а има зацртана површина од 84.040 квадратни метри.

 

 

 

05.04.2017 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега