Промоција и дискусија за здрав начин на живот на Меѓународниот саем за книгата

На 29. Меѓународен саем на книгата, кој е од исклучителна важност и е со огромна посетеност, во хала 1 на Скопскиот саем, Арс Студио им овозможи на љубителите на пишаниот збор да уживаат во сите постојни и нови изданија од различни области.

 

Во текот на вчерашниот ден, 4 април, во промотивниот центар во хала 2 беше промовирана книгата Здрави и вити од Храви и Мерлин Дајмонд, парот што го промени размислувањето на народот во однос на храната и го поттикнаа да научи да внимава и да се храни здраво за да води здрав и попродуктивен живот исполнет со енергија. Промоцијата ја водеше нашиот признат нутриционист г-ѓа Тања Турунџиева, жената што ги постави правилата за здрав начин на исхрана во Македонија. Сите присутни имаа можност да слушнат што значи здравата исхрана и да научат дека некогаш храната може да биде и ваш непријател. Ги  открија тајните за здрав и енергичен живот, како и многу рецепти за подобрување на здравјето и менување на начинот на кој се храните. Г-ѓа Тања Турунџиева одговори на многубројните прашања на присутните поврзани со правилната и здрава исхрана и посетителите на штандот уживаа во освежителни здрави пијалаци. Книгата Здрави и вити можете да ја најдете на штандот на АРС Студио во хала 1 по промотивна цена и да започнете со здрав начин на живеење уште денес.

За времетраење на целиот саем, Арс Студио се погрижи на посетителите интерактивно да им ги промовира новите наслови и да учествуваат во активни панел-дискусии.

Сите оние што сакаат добра книга и сакаат да се нурнат во многуте архаизми и нестандардни изрази во македонскиот јазик и да запловат низ една необична приказна, ги покануваме денес 5.4.2017, со почеток во 15 часот да присуствуваат на промоцијата на книгата на еден од нашите раскажувачи, есеисти, романсиери Митко Маџунков, со наслов Приказни за ѓаволот, каде што со секоја купена книга на денот на промоцијата, следува потпишан примерок од авторот.

 

 

Додека в четврток ќе се одржат два настана: промоција на книгата Повторно величествена од Доналд Џ. Трамп, издание за кое се појави огромен интерес на глобално ниво, која ќе се одржи во 14 часот во промотивниот центар во хала 2, и во 17 часот ќе се одржи панел-дискусија на тема „Стресот и справување со стресот во современиот живот.  

 

 

 

05.04.2017 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега