"Прошетка за живот": Во недела протесен марш за заштита на животните - локација плоштад Македонија

Група на граѓани загрижени поради масовното растурање на опасни материи и отрови со цел труење на животните низ цела Македонија, во недела организираат протесен марш.

На 09.04.2017 во 12 часот пред "Воинот на коњ" на плоштад Македонија, сите граѓани можат да дојдат и да побараат поголеми права за животните.

- Да побараме заедно права и заштита за животните, стои во соопштението на Фејсбук.

Сите заинтересирани можат да бидат дел од протесниот марш, „Прошетка за живот".

 

 

 

06.04.2017 - 19:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега