Каква ќе биде новата цена на горивата?
Со минатонеделната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика, цената на бензините не се смени, а дизелот поевтинуи за 1,5 денари по литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намали за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,00 ден/лит
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се промени.
Останува да видиме каква ќе биде новата цена на горивата. Одлуката ќе биде донесена наредната недела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа