Груевски: Со владините мерки вработени 43.000 лица - годинава уште 10.000

Оперативните мерки за вработување се одвиваат без проблеми и покрај политичката криза и само оваа година со овој план се предвидуваат нови 10 илјади вработувања што заедно со претходно реализираните 43.000 ќе достигнат вкупно 53 илјади вработувања, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денеска присуствуваше на официјално отворање на нова инвестиција за одгледување и преработка на медицински канабис во Скопје.

- Заедно со проектот „Македонија вработува 2“ ќе имаме околу 10 илјади нови работни места од оваа оперативна програма само во оваа година. Засега работите одат добро и нема некоја загриженост околу нејзиното спроведување. Граѓаните се оние коишто се заинтересирани за оваа програма, добро се запознаени, редовно ги посетуваат просториите на Агенцијата за вработување и работие се одвиваат според замисленото. Средства во буџетот се обезбедени и се користат. Така што оваа бројка од 53 илјади вработувања е многу сериозна бројка од само еден оперативен план, кој секоја година се промовира и проширува, односно се надградува и се реалзира, рече Груевски на новинарско прашање за спроведувањето на оперативниот план за вработувања на Владата.

 

 

 

11.04.2017 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега