Јавните претппријатија на Град Скопје изминатата година регистрирале добивка од 3,2 милиони евра

На денешната седница советот на град Скопје се расправаше околу завршните годишни извештаи за работата на јавните претпријатија за 2016-та година. Овие извештаи се еден од показателите за домаќинското работење на јавните претпријатија и со тоа најголемиот број на овие претпријатија изминатата година регистрирале вкупна добивка од околу 3,2 милиони евра додека истите се наследени од претходната власт со долг од  над 19 милиони евра.

-За потсетување минатиот месец беа донесени инвестициски програми на јавните претпријатија на градот Скопје за 2017 година во кои за опрема, механизација и возила и како и за инфраструктурни инвестиции овие јавни претпријатија на градот Скопје ќе инвестираат близу 3 милијарди денари, инвестиција која досега не се случила во јавните претпријатија. Овие извештаи се доказ за позитивната работа и менаџирање на јавните претпријатија и нивно претварање во вистински сервис за услугите на граѓаните,  изјави  Слободанка Алексовска член на советот на град Скопје.

Таа потсети дека во 2009-та година во градот Скопје ВМРО-ПДМНЕ затече состојба на јавните комунални претпријатија кое може да се опише само како катастрофална и хаотична. Јавните претпријатија беа заглавени и во долгови во висина од над 19 милиони евра што од нивното лошо менаџирање, лош избор на менаџери и нивната лоша работа, а најголемите долгови  беа за неисплатено ДДВ, генериран во периодот 2002-2006 кога владата на СДСМ донесоа закон за зголемување на ДДВ од 5 проценти на 19 проценти.

-Нивните сметки беа блокирани, вработените платите ги добиваа едвај на неколку месечни задоцнувања истите немаа опрема и механизација, а таа која малку ја имаа беше застарена и постојано во дефект, возните паркови беа стари и нефункционални, автобусите на ЈСП беа една грда слика на градот. Во 2009-та година јавното комунално претпријатие го собираше сметот со одвај пет стари и скапани возила, финансиски нестабилна нестабилни и со неколку милиони евра во долгови, додека денеска јавното претпријатие комунална хигиена го собира сметот од секоја урбана куќа и објект со нови над 100 набавени камиони, истакна Алексовска.

Таа потенцираше дека јавното претпријатие паркови и зеленило денеска прави самопроизводство на цвеќе и има сопствен приход и изградени паркови од над пола милион километри. ЈСП Скопје има 300 нови автобуси, интегриран систем на наплата и револуција во системот на ова јавно претпријатие за што претходните градоначалници како Ристо Пенов и Трифун Костовски почнаа но не успеаја да го направат.

 

 

 

 

12.04.2017 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега