ФОТО: Откриено што значи кампањата „Младост без лудост"

По фотографиите од графити на кои беше испишан слоганот „Младост без лудост“, во јавноста се појавија фотографии од јавни личности што ја праќаат истата порака.

 „Младост без лудост“ е новиот препознатлив слоган што ја заголицка фантазијата на сите оние кои деновиве прошетаа низ главниот град. Толкувањата се различни, претпоставки има многу, но она што авторот на овие графити и фотографии го прави, за сега е само голема мистерија преточена во креативна идеја и добро осмислена поента. За мотивот на оваа акција останува да бидеме трпеливи.

 Гораст Цветковски, Дарко Глишиќ, Стефан и Мартин од Некст Тајм, Катарина ИвановскаФилип Кузмановски и водителката Елена Стојановска, се само дел од ликовите кои се фотографирале со овој слоган.

Станува збор за кампања за внимателно возење на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за млади и спорт, Градот Скопје, Црвениот крст и Авто мото сојузот на Македонија.

Дел од кампањата е и возилото во кое неодамна загинаа две млади лица како резултат на брзо возење. Во рамки на кампањата ќе бидат изработени и илјада едукативни табли коишто ќе бидат дистрибуирани во средните училишта и во високообразовните институции.

 

 

 

13.04.2017 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега