Викендов ќе се поремети сообраќајот во Скопје - проверете каде нема да се вози

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд на дел од улицата Никола Карев, на крстосницата со булеварот Трета македонска бригада, ќе се изведува прекоп за поставување подземни инсталации.

 Поради тоа, во деновите од викендот, на оваа делница ќе се воведе привремен сообраќаен режим, во времетраење од 8 до 18 часот, а на коловозот ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација.

 Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

 

 

 

 

 

 

13.04.2017 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега