30 пожарникари го гаснат пожарот во Карпош - еве каква е состојбата
Пожарот кај напуштените бараки кај СУГС „Здравко Цветковски“ на булеварот „Партизански одреди“ е ставен под контрола и нема повредени лица.
Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески за МИА изјави дека пожарот е локализиран и оти не постои опасност да се прошири. Интервенирано е со 30 пожарникари, а во гаснењето на пожарот помогнале и екипи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
- Спречено е ширење на пожарот на останатите бараки. Нема повредени лица и пожарникари, истакна Томески.
Со пожарот беа зафатени три напуштени бараки кои се наоѓаат во близина на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа