Ново предупредување на меторолозите

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Попладне во северните делови ќе има краткотраен слаб дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој вдолж Повардарието и во Пелагонија повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 13 до 21 степен.

Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне со краткотраен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Од утре под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува стабилно, суво и топло време со пораст на утринската и дневната температура. 

 

 

 

23.04.2017 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега