Временска за продолжениот викенд - подгответе се на овие промени

Метеролозите ја објавија временската прогноза за продолжениот викенд. Во сабота ќе има зголемена облачност преку целиот ден, а во наредните денови ќе има подолги сончеви периоди. Од сабота до вторник во попладневните и вечерните часови ќе има локален дожд, кој краткотрајно можно е да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи.

Во недела ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови спуштање на дневната температура за 4 до 5 степени во однос на претходниот ден. Од понеделник температурата повторно ќе биде во пораст.

 

 

 

26.04.2017 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега