Враќање на старото работно време во Македонија - на работа од 7 до 15 часот

По иницијативата на дел од синдикатите во Македонија се погласно се зборува за промена на актуелното работно време и враќање на старото. Синдикатот на вработените во државните органи уште пред неколку месеци побара нивното работно време да се врати по старо, односно, на работа да се оди 7 до 15 часот. Ваквата иницијатива кај најголемиот дел од работниците беше пречекана со одобрување.

„ Постојат повеќе аргументи, а еден од нив е дека ова работно време се коси со традиционалните и посебно семејните вредности. Веруваме дека оваа Влада, како демохристијанска, полага големо внимание токму на одржувањето на семејните вредности и затоа очекуваме да ја прифати нашата иницијатива. Не можеме да се споредуваме со западните земји, затоа што таму владеат поинакви географски, климатски и културни услови, додека уште поважен аспект е животниот стандард. Кај побогатите земји луѓето имаат пауза од час или повеќе, во состојба се да ручаат и да се освежат, додека во Македонија треба цел ден да живеат на геврек или сендвич. Не може од тие луѓе да се бара продуктивност. Друг аспект се овдешните навики сите работи да се завршуваат порано. На шалтерите најголемите гужви се претпладне, додека попладне нема никој, што дополнително ја оправдува нашата иницијатива.“ – велат од УПОЗ.


 

 

 

02.05.2017 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега