Рекордна заплена на хероин на турско-бугарската граница

Турската полиција на преминот „Хамзабејли/Лесново“ на границата меѓу Турција и Бугарија заплени 775 килограми херон, што претставува рекордна заплена на овој наркотик од страна на турските власти.

Како што јави БТА, дрогата е откриена во камион со ирански регистарски таблички кој патувал од Турција кон Бугарија.

Со камионот се превезувале две лица, ирански државјани, кои се задржани во притвор во Едрене. Еден од приведените е син на сопственикот на камионот. 

Приведените при распитот во полицијата изјавиле дека не знаеле оти во камионот се наоѓа дрогата.

Камионот тргнал од Иран и според царинските документи, превезувал стоки до Романија.

 

 

 

03.05.2017 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега