Ако имате пасош од оваа балканска земја може да патувате во Канада без виза

ЕУ ја исклучи денес можноста за воведување виза на државјаните на САД и Канада, а комесарот на ЕУ за миграција Димитрис Аврамополус вели дека е постигнат напредок во преговорите со Вашингтон и Отава за патувања без виза во САД и Канада за граѓаните на пет земји членки на Унијата.

Граѓаните на Бугарија, Хрватска, Кипар, Полска и Романија за да влезат во САД им треба виза, додека во Канада на сила се визни ограничувања за Бугарите и Романците.

Европскиот парламент во март ја повика Европската комисија, во знак на одмазда да им воведе на американските државјани визи за влез во земјите на ЕУ.

Меѓутоа, Аврамополус денес изјавил дека во преговорите со САД и Канада за визниот режим е постигнат напредок, истакнувајќи дека „ЕУ секогаш избира ангажирање, посветеност и стрплива дипломатија, наместо било каков облик на еднострана одмазда“.

„Тоа е во заеднички интерес на државјаните на ЕУ и државјаните на САД во овој случај“, рекол европскиот комесар.

Кога се работи за Канада, Аврамополус наведува дека таа земја му дозволила на „значаен број Бугари и Романци да влезат на нејзина територија без виза од понеделник после „континуирани дипломатски напори“.

 

 

 

03.05.2017 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега