Бизарна несреќа: Загинал додека го туркал автомобилот да запали

Во селото Кијево кај Сански Мост вчеравечер се случила несреќа во која загинал Бесим Синановиќ од населбата Махала.
 
Според неофицијални информации, Синановиќ, тој ден работел на една викендица во споменатото село.
 
Додека се враќал накај дома, автомобилот не сакал да му запали, па го турнал по некој стрмен земјен пат при што загубил контрола врз возилото, пренесува порталот „Inmedia.ba“.
 
Автомобилот удрил во близина, по што се превртел и паднал врз несреќниот Синановиќ.
 
Се претпоставува дека тој подолго време лежел пристиснат под возилото без можност да излезе, се додека не наишла некоја жена која повикала помош од другите селани.
 
Тие успеале да го подигнат автомобилот и да го извлечат, но за него веќе било касно, со оглед дека повредите на градниот кош и внатрешните органи биле фатални.
 

 

 

04.05.2017 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега